Skip to main content

Исчезнат во водите на егејското море

Четврти ден потрага по Мартин

Грчката крајбрежна стража го пребаруваше крајбрежјето, а вклучен беше и подводен дрон. На Халкидики допатуваа мајката и братот на Мартин.
 |  инфодеск  | 
Море

И денеска продолжува потрагата по 28-годишниот Мартин кој се води за исчезнат во водите на Егејското море. Грчките спасувачки екипи со три пловни објекти и четири патролни возила од утрово го бараат туристот од Македонија, а во потрагата се очекува да се вклучи и авион.

Денеска временските услови се поповолни од претходните 24 часа.

Вчера грчката крајбрежна стража го пребаруваше крајбрежјето, а вклучен беше и подводен дрон. На Халкидики допатуваа мајката и братот на Мартин кој живее во Соединетите Американски Држави.

Тој и понатаму се води како исчезнат откако морските струи заедно со двајцата другари, кои веќе се спасени, ги однесоа во морето на познатата плажа „Мити“ во Посеиди, Халкидики.

Трите момчиња имале роденденската забава. Кога влегле во водата, нејверојатно стигнале до врвот од заливот каде пливањето е најстрого забрането и каде морските струи се мошне опасни.

Грчките медиуми објавуваат листа на најопасните плажи во Грција меѓу кои се и Мити кај Посеиди затоа што тука се спојуваат Солунскиот Залив со Егејското Море, а заради плимата и осеката се менува и движењето на морските струи. Кога дува јужен ветер свртува кон местото Посеиди, а кога дува северен ветар, тогаш струењата се менуваат кон Солунскиот залив.

При одредени климатски услови, голем број плажи во Грција се затвораат за посетители, а меѓу нив се и плажите Лаларија (Скијатос), Матала (Крит), Нас (Икарија), Хорефто (Пелион), Платиа амос (Кефалонија), Калами (Китира)…