Skip to main content

Четврток, 23 октомври – неработен ден за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика на граѓаните на Македонија им го честита Денот на Македонската револуционерна борба.
 |  инфодеск  | 

Министерството за социјална политика, демографија и млади соопшти дека 23 октомври 2025 (четврток), Денот на Македонската револуционерна борба, е неработен ден за сите граѓани.

Денот на Македонската револуционерна борба се празнува од 2007 година кога бил донесен и изгласан новиот закон за државни празници.

На 23 октомври во 1893 година во Солун била основана Внатрешната Македонско-Одринска револуционерна организација (ВМОРО), со цел за извојување автономија на Македонија преку револуционерна борба.

Министерството за труд и социјална политика на граѓаните на Македонија им го честита Денот на Македонската револуционерна борба.