Skip to main content

Цигарите поскапеа за 10 денари

Поскапувањето доаѓа како дел од редовното усогласување со акцизната политика, со која државата постепено ја зголемува акцизата на тутунските производи.
 |  инфодеск  | 
пушење

Од понеделникот цената на цигарите е повисока за 10 денари. Ова значи дека значи дека лицата кои пушат по едно пакување дневно ќе плаќаат околу 300 денари повеќе месечно.

Поскапувањето доаѓа како дел од редовното усогласување со акцизната политика, со која државата постепено ја зголемува акцизата на тутунските производи.

Според трговците, после секое поскапување се забележува краткорочен пад во продажбата, но навиките кај граѓаните брзо се враќаат. Од друга страна, дел од пушачите коментираат дека со оваа нова цена ќе размислат дали да го намалат или целосно да го остават пушењето, но дел немаат намера да ги остават цигарите.