Членството на СОНК одлучува за предлогот на владата
СОНК денеска треба да одлучи дали предлогот за покачување од 12 отсто на платите на вработените во училиштата и градинките кои се во генерален штрајк од 11 април.
По новата рунда преговори со Владата вчера, претставниците на СОНК, објавија дека постигнале согласност, наставниците да добијат за 12 отсто повисоки плати, а покачувањето можат да го очекуваат најдоцна од јули.
По новата рунда преговори со Владата вчера, претставниците на СОНК, објавија дека постигнале согласност, наставниците да добијат за 12 отсто повисоки плати, а покачувањето можат да го очекуваат најдоцна од јули.
„После повеќе од три часа, би рекол, тешки, макотрпни преговори со министерот за образование и наука и министерката за труд за социјална политика, секако, и премиерот, извршивме сериозни анализи на нашите барања кои беа доставени до ресорните министертва, од една страна, а од друга страна, и аргументите на Владата и министерствата. Сепак, се усогласивме со ставовите, во рамките на можностите на државата, дојдовме до заеднички процент на покачување на платите, кое би се случило најдоцна до месец јули. Се работи за 12-процентно покачување на платите плус додатоците кои следуваат со Колективниот договор“ – информираше првиот човек на синдикатот, Јаким Неделков.
Тој, сепак, не прогласи крај на штрајкот, бидејќи, како што рече, најпрво ќе треба да се информира членството за договорениот процент за покачување на платите и истакна и дека од среда најрано веќе може да се очекува враќање на децата и учениците во градинките и училишните клупи. Одлуката на членството, дали овој предлог е прифатлв за да се прекине штрајкот ја најави за денеска навечер.
Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, како и министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, исто така, изразија надеж дека од среда образовниот процес ќе се врати во нормала.