Skip to main content

Телото е предадено на обдукција

Човечки труп пронајден по течението на Треска

Увид на местото изврши тим од полициски и медицински екипи, предводен од Јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено за обдукција.
 |  инфодеск  | 
Треска

Во атарот на кичевското село Вранештица, по течението на реката Треска, кај месноста „Капалиште“, вчера околу 14 часот пронајден е човечки труп, информираат од СВР Охрид.

Увид на местото изврши тим од полициски и медицински екипи, предводен од Јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено за обдукција.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.