Skip to main content

Црна недела во Македонија: Загинаа 51 лице, а повеќе од 100 лица се повредени откако се запали дискотека во Кочани

Катастрофален и трагичен пожар во дискотека во Кочани.
 |  инфодеск  | 

Синоќа во 3 часот во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувнал пожар за време на концерт на групата ДНК, а во која присуствувале околу 1.500 луѓе, по што настанало стампедо за излез.

Пожарот, како што изјави Тошковски, е последица на искри од пиротехника употребена за светлосен ефект, во моментот најверојатно искрите го зафатиле таванот кој бил дел од лесно запалива материја, брзо се прошитил и се создал густ чад.

Со фотографии, во очај и тага роднини и пријатели преку социјалните мрежи ги бараат своите блиски кои вчера биле на концертот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Фотографии се објавуваат по социјалните мрежи со надеж дека некој ќе им јави во која болница се и дали се живи.

Фото: сдк.мк