Црвениот крст на Македонија ја одбележува Неделата за грижа на старите лица
Црвениот крст на Македонија под мотото „За достоинствена старост“ од денеска до 23 овој месец ќе ја одбележи Неделата за грижа на старите лица.
старци

Целта е да се побуди чувството кај луѓето за потребната грижа на старите и изнемоштени лица, посебно да се создаде навика кај младите за помогање и водење на поголема грижа за старите лица.
Во текот на Неделата преку општинските организации на Црвениот крст ќе бидат организирани предавања за соодветни здравствени совети на старите лица, организирано мерење на шеќерот во крвта и крвниот притисок, посета во домовите за стари лица и.т.н.
Сите заинтересирани можат да се вклучат и да дадат поддршка на овие активности, како и да помогнат во обезбедување на помош во храна, средства за хигиена и друго.

{loadposition content9}