Skip to main content

Чудото во скопско Св.Димитрија

Редок и несекојдневен феномен на прочистување на фреските од денеска претпладне почна да се случува во внатрешноста на познатата скопска црква Свети Великомаченик Димитрија.

freski
фрески

Редок и несекојдневен феномен на прочистување на фреските од денеска претпладне почна да се случува во внатрешноста на познатата скопска црква Свети Великомаченик Димитрија.

Фреските во внатрешноста на црквата, на кои со години се таложеше чадот од изгорените свеќи што ги палеле верниците, постапно почнаа да ја добиваат својата природна боја. Наслагите од чадот почнаа да бледеат, а на површина излегуваше природната боја.
Овој процес прво започна на фреската “Воведение на пресвета Богорoдица”, која што се наоѓа од десnата страна од влезот на црквата.

freskiВо текот на денот, природни бои почнаа да добиваат и останатите фрески со библиски мотиви: Вознесение Христово, Оплакување Христово, Св. Апостоли Петар и Павле, Свети Архангел Михаил и други фрески.
Природните бои најмногу се враќаат на ореолите над насликаните светци, а исто така и на дел од нивната одежда која е насликана со златната боја.

Некои фрески сеуште ја имаат темната боја што значи дека процесот на враќањето на природните бои не е почнат. Црквата денеска ја посети и поглаварот на МПЦ Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, како и бројните верници кои палат свеќи и ги допираат фреските за да почуствуваат чудото.
Свештениците на МПЦ од Свети Димитрија ни рекоа дека оти во православните цркви ваквиот феномен е забележан само уште во 30 години од минатиот век кога во Русија, во периодот на тогашната советска власт во една црква почнале да се враќаат природните бои на фреските, иконите и на црковните знамиња.

{loadposition content9}