Skip to main content

Центар за управување со кризи

ЦУК апелира за внимателност поради најавените метеоролошки промени

Во реон на автопатот A2 Кичево-Охрид, што е во изградба, во период од 12 до 16 часот ќе се врши минирање.
 |  инфодеск  | 

Центарот за управување со кризи (ЦУК) изутринава апелира за внимателност поради најавените метеоролошки промени со дожд, умерен ветер и со снег на повисоките места. Кога се оди со возило на планините, препорачливо е да се има полн резервоар гориво и да се внимава на лизгавоста и проодноста на патот.

Во реон на автопатот A2 Кичево-Охрид, што е во изградба, во период од 12 до 16 часот ако се слушнат силни детонации, граѓаните да не се вознемируваат, ќе се извршат во повеќе наврати минирања на теренот, информираат од ЦУК.