Skip to main content

Центар за управување со кризи

ЦУК апелира до граѓаните на внимателност при палење оган на отворено

Граѓаните да бидат одговорни и внимателни доколку го прославуваат празникот на трудот со подготвување скара во природа и на излетнички места.
 |  инфодеск  | 

Центарот за управување со кризи апелира до граѓаните на внимателност при палење оган на отворено за Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај.
-За првомајскиот празник традиционално граѓаните излегуваат во природа и на излетнички места. Апелираме за внимателност при палење оган на отворено за првомајскиот празник, како и секогаш кога се престојува во природа. Ако се пали оган на отворено при одењето на излет, таму каде што нема посебно направени огништа за правење скара, тоа да се прави внимателно и пред заминување од местото, обврзно да се изгасне жарта од огнот, велат од ЦУК.