ЦУК апелира да се чистат оџаците
1.690 повици на Единствениот број за итни случаи 112. Центарот за управување со кризи информира и за четири противпожарни интервенции врз запалени оџаци во последното деноноќие. Во еден од случаите запален оџак предизвикал опожарување на поткровје на куќа.
„Редовното чистење оџаци го спречува нивното палење. Никогаш не е доцна, се разбира за тие што не го направиле. Овој апел за чистење на оџаците е од причина што речиси секојдневно во грејната сезона има барем по едно известување за гаснење пожар на запален оџак. Навидум тие пожари не се опасни, но не ретко од нив се палат и објекти и куќи.„– апелираат од ЦУК.
Во извештајот на ЦУК регистрирана е противпожарна интервенција на запален оџак на ул. „Крсте Петков Мисирков“ во Прилеп, помала интервенција поради запален оџак и дел од поткровје во с. Јосифово, Валандово. Пожарникарите од Охрид имале една помала интервенција на запален оџак на ул. „7- ми Ноември“ во Охрид и пожарникарите од Кавадарци во изминатото деноноќие имале една помала интервенција поради запален оџак.