Skip to main content

Управување со отпад

Да го претвориме отпадот во ресурс

Администрациите на Унгарија и Австрија, преку твининг проект вреден еден милион евра, помагаат во хармонизација на европското и македонското законодавство за управување со отпад, но и во имплементацијата на законите. Потребна е силна општествена одговорност и на производителите и на потрошувачите, но и усогласување и обезбедување на услови за секоја и најмала општина за селекција, собирање и рециклирање на отпадот.
 |  инфодеск  | 
отпадот како ресурс

Ќе се хармонизираат европските и македонските закони, со кои се регулира управувањето со отпад. Унгарската Фондација за заштита од климатски промени „Сина планета“ со еден милион евра финансиски средства од Европската унија изготви  план за приближување на системите за управување со отпад во Северна Македонија до нормите на ЕУ. Преку твининг проект на Австрија и Унгарија, ќе се помогне и во имплементација на законската легислатива на терен. Координацијата и воспоставувањето на добра и отворена комуникација, како и размената на искуства и предизвици со кои се соочуваат сите чинители во синџирот на управување со отпад, е клучно за поуспешна имплементација на законите и исполнување на националните цели за собирање на отпад.

Министерството за животна средина и просторно планирање има издржани планови и политики поткрепени со силен сет на еколошки регулативи во кои е предвидено преземање на акција во секоја фаза од производството и потрошувачката, објасни Министерката за животна средина и проторно планирање, Каја Шукова.

„Она што е битно е дека го дохармонизираме законодавството во проширена одговорност , каде имаме сериозни партнери коишто треба да работат на намалување на количините на отпад кои финално ги депонираме, а се согласно принципите на циркуларната економија.“ – изјави Шукова.

Потребна е силна општествена одговорност и на производителите и на потрошувачите, промена на целокупниот концепт и пристап во областа при што ќе се зборува  за управување со ресурси, а не со отпад или ѓубре, но и усогласување и обезбедување на услови за секоја и најмала општина  за селекција, собирање и рециклирање на отпадот.

„Ова сега има врска со одговорностите на производителите. И со справување со отпадот онаму каде се создава. За ова да се спорведе пред се ќе биде потребна законска проценка , но пред се успехот на ова и справување со отпадот во оваа држава ќе зависи од имплементацијата на законите, односно како ќе се спроведе од страна на надлежните. ЕУ веќе мобилизираше значителни средства за заштита на човековата средина, особено за управување со отпадот, но кога станува збор за имплементација на проектот, доцниме. Ги повикуваме надлежните институции за имплементација на терен за да се добијат и видливи ефекти.“ – изјави Стефан Худолин  – Шеф за соработка во Делегацијата на ЕУ.

Секој треба да биде одговорен во извршување на обврските, како производителите, така и потрошувачите доколку сакаме да се справиме со отпадот. Според податоците од МЖСПП, од над 70 000 регистрирани компании, само 1600 плаќаат надоместок за отпадот што го создаваат при производство на производите што ги пласираат на пазарот. Договорена е заедничка и координирана работа на Министерството, инспекциските служби, Царинската управа и Управа за јавни приходи за да се надминат аномалиите во функционирањето на системот во кој доколку секој ја исполнува својата обврска ќе се поттикне развојот на пазарните услови за работа од што сите ќе имаме бенефит и секако чиста животна средина.