Апел за помош
Да му помогнеме на Никола кој боледува од рак
На Никола му е дијагностициран карцином на коски за што е потребно голема сума на средства. Никола нема родители, живее со своите баба и дедо во село Црешево.
| инфодеск | Македонија
На социјалните мрежи се шири апел за помош на младиот Никола Ѓорѓиев кој боледува од рак на коските и потребни му се средства за лекување.
Кон апелот за помош се приклучи и познатата музичка група ДНК.
На Никола му е дијагностициран карцином на коски за кој е потребно голема сума на средства. Никола нема родители, живее со својата баба и дедо во село Црешево, па би ве замолил во мое име и името на ДНК сите добри и хумани луѓе и оние кои се во можност заеднички да помогнеме за Никола да ја победи болеста и потоа да не викне сите нас заедно на една голема журка каде што ќе го славиме животот – апелираат од музичката група ДНК.
Сите хумани граѓани може да донираат на трансакциската сметка: 200003717578051