Skip to main content

Комисија за заразни болести

Да се укинат ковид сертификатите за влез во земјава

Предлог за укинување на задолжителното поседување сертификат за влез во земјава. Во ресторани, кафани, барови останува мерката за поседување сертификат за вакцина/прележаност.
 |  инфодеск  | 
Вакцинален пасош

Да се укине задолжителното поседување сертификат за вакцинација или прележаност на КОВИД-19 за влез во земјава. Ова го предложи денеска Комисијата за заразни болести.

Овие потврди ќе останат да важат за влез во угостителски објекти. За оваа обврска при влез во ресторани и барови не е препорачано да биде укината бидејќи Комисијата смета дека не е добро да се укине сè одеднаш.

Постепеното укинување на мерките дава резултат и тоа се гледа по секојдневниот пад на бројките – изјави портпаролот на Комисијата за заразни болести, д-р Злате Мехмедовиќ.

Новиот предлогот за влез во земјава без сертификат за вакцинација или прележаност треба да биде усвоен од Владата.

На седница вчера Владата ја одобри претходната порака на КЗБ. Да се укине мерката за задолжително носење заштитни маски во затворeни простории, освен во здравствени домови, аптеки, јавен превоз и во домовите за стари и установи за згрижување лица со посебни потреби.