Кризен штаб
Да се укине носењето маски во затворено
На петтата седница на Главниот координативен кризен штаб беа усвоени повеќе заклучоци од одлуки и препораки на Комисијата за заразни болести. Заклучоците ќе бидат доставени до Владата која за нив ќе одлучува на следната Владина седница.
| инфодеск | Македонија
Кризниот штаб на Владата ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести да се укине носењето на маски во затворен простор.
Исклучок ќе биде јавниот и такси превоз, здравствените установи, аптеките и домовите за стари лица. Одлуката треба да помине и на седница на Влада, односно за укинување на оваа мерка за заштита од ковид-19 ќе се расправа на следната владина седница.
Меѓу усвоените заклучоци кои Комисијата ги достави до Кризниот штаб се и укинувањето на обврската за носење маски на физичката настава во средните училишта, како и укинувањето на забраната за екскурзии и настава во природа.