Skip to main content

Давчка помалку за корисниците на социјална и постојана парична помош

Корисниците на социјална и постојана парична помош трајно ќе бидат ослободени од плаќање на радиодифузната такса со цел подобрување на условите за живот со една давачка помалку.

smetki
сметки

Корисниците на социјална и постојана парична помош трајно ќе бидат ослободени од плаќање на радиодифузната такса со цел подобрување на условите за живот со една давачка помалку.

Диме СпасовОва во средата  го соопштија министерите за труд и социјална политика и за информатичко општество и администрација, Диме Спасов и Иво Ивановски, посочувајќи дека помошта на државата за овие семејства е најпотребна.

“Со овие мерки се предвидува околу 40.000 семејства-приматели на социјална парична помош и постојана парична помош, трајно се ослободуваат од обврската да плаќаат радиодифузна такса, што претставува една давачка помалку за нив” истакна Спасов.

Спасов додаде дека Министерството за труд и социјална политика ќе доставува на месечна основа евиденција на приматели на овој вид помош до ЈП Македонска радио телевизија, со цел да не бидат опфатени со плаќањето на радиодифузна такса.

“Оваа мерка заедно со промовираната отпис на  заостанатите долгови на граѓаните приматели на социјална парична помош и постојана парична помош, претставува директна и недвосмислена подршка, која секако нема да запре овде”,нагласи министерот Спасов.

{loadposition content9}