Дебрца и Струга ги добија своите нови градоначалници
Игор Трајкоски од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ е избран за нов градоначалник на Дебрца, додека Зијадин Села од ДПА е избран за нов градоначалник на Струга.
Вториот круг од Локалните избори 2013 година донесе и нови градоначалници во општините Дебрца и Струга.
По 16 години владеење на досегашниот градоначалник, Љупчо Којчиноски, во Дебрца победа забележа Игор Трајкоски од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“. По пребројувањето на гласовите од 28те избирачки места во Дебрца, со 172 гласа предност пред неговиот противкандидат Којчиноски, Трајкоски беше изгласан за нов градоначалник на Дебрца. Инаку тој освои 1822 гласови или 51.59 % од гласовите, додека Којчиноски освои 1650 или 46.72 % од гласовите. Во вториот круг, во Дебрца вкупно гласале 3532 гласачи од кои 3472 биле важечки гласови, а 60 ливчиња биле прогласени за неважечки.
Зијадин Села од Демократската партија на Албанците со освоени 20.770 или 57.3% од гласовите е избран за нов градоначалник на Струга. Неговиот противкандидат, д-р Владимир Кочоски од коалицијата „Заедно за Струга“ освои 15.276 или 42.15 % од гласовите на стружани. Инаку во вториот изборен круг, во Струга гласале 36.245 граѓани, а од нив 36.046 гласачки ливчиња биле важечки, односно само 199 биле прогласени за неважечки.
{loadposition content9}