Државен завод за статистика
Дејности со најниска просечна плата
Во овие дејности треба да се работи четири месеци за да се оствари приход од една просечна плата во највисоко платените дејности според ДЗС.
| инфодеск | Македонија
Според податоците од ДЗС, најниската просечна нето плата за февруари 2023 год е во секторот Заштитни и истражувачки дејности -19.096 денари, следува Услуги поврзани со одржување згради и дејности за одржување животна средина и природа-21.060 денари, Производство на кожа и слични производи од кожа 21.310, Производство на облека -23.195 денари и Дејност на подготовка и служење храна -23.305 ден.
Просечната месечна нето-плата во февруари годинава изнесувала 33.720 ден, соопшти Државниот завод за статистика.