Skip to main content

Ден на архивските работици

Архивот преставува институција која е главен постулат врз кои се темели една држава.

arhiv
архив

Институција во која се чува документација како историско-културна ризница. Токму вакво значење има Државниот архив на Република Македонија под чија надлежност се наоѓаат и деветте подрачни одделенија во Република Македонија вклучувајќи го и тука и (нашиот) Охридскиот архив.

arhivДенес е значаен ден  архивистите – архивските работници, бидејќи на денешен ден во 1951 година е формиран Државниот архив на Република Македонија, формирана е ризницата за македонско пишано богатство. Но кон денешниот ден и кон Државниот архив и кон архивистите треба да се приклучат и сите досегашни и идни корисници на архивска граѓа/материјал бидејќи токму во Државниот архив се наоѓа барем една мала информација која им е потребна или пак која допира до нив.

Оттука треба да се има огромна почит кон оваа институција, кон сите  научници, архивисти, историчари, правници, книжевници…кон нивната макотрпна работа за воспоставување на систем со кој Македонија е држава која цврсто се темели врз историографија и документација. Но исто така на овој ден треба да се согледа и кон иднината на Државниот архив кон новите проекти кои се зацртани како цел со кои Државниот архив на Република Македонија покрај примарноста во значението на документите кои ги поседува, ќе започне и со воведување на модерни стандарди од архивистиката и архивското работење. Може да се согледа дека Државниот архив е константа која има почеток но нема крај во својот развиток, во својата дејност за  заштита на архивскиот материјал, средување и обработка, истражување, користење и  публикување на архивскиот материјал. Сериозноста на ваквиот пристап кон документите и архивистиката доведе Државниот архив на Република Македонија да биде дел од Меѓународниот Архивски Совет што значи дел од светската архивска елита.

{loadposition content9}