Денес го имаме најдолгиот ден во годината, започна летото
Првиот ден од летото е обележан со летната краткоденица, која започна денес и ќе трае до 23 септември.
| инфодеск | Македонија

Летото официјално започна денеска во 4 часот после полноќ, а во исто време на Јужната хемисфера започна зимата.
Денес денот ќе биде најдолг и ќе трае 15 часа и 14 минути, а ноќта најкратка.
На денот кога почнува летото, Сонцето го прави својот најголем лак над хоризонтот. Изгрева на североисток, на југ ја достигнува најголемата дневна висина, а заоѓа на северозапад. Летото ќе трае до 23 септември.