Skip to main content

Денес во Македонија ден на жалост

Владата на Република Македонија на вчерашната седница одлучи денешниот ден да биде прогласен за Ден на жалост, по повод трагичната смрт на полскиот претседател Лех Качински.

 |  Маја Савиќ  | 
zname na pola kopje
знаме на пола копје

Marija i Leh KacinskiВладата на Република Македонија на вчерашната седница одлучи денешниот ден да биде прогласен за Ден на жалост, по повод трагичната смрт на полскиот претседател Лех Качински.

„Одлуката е донесена по повод трагичната смрт на Претседателот на Република Полска, Лех Качински, неговата сопруга Марија и високите полски државници, кои го загубија животот во авионската несреќа што се случи на 10 април 2010 година во Смоленск, Руската Федерација и претставува израз на сочувство кон семејствата на трагично загинатите лица и кон пријателскиот полски народ,“ стои во соопштението на Владата на Република Македонија.

На денот на жалост знамињата во Република Македонија ќе бидат истакнати на половина копје.


{loadposition content9}