Денес се одбележува Светскиот ден на здравјето
Под мотото „Болести кои се пренесуваат преку вектори или вектор преносливи болести“ со напомена „Мал убод, голема закана“ денеска се одбележува 7 Април, Светски ден на здравјето.
Под мотото „Болести кои се пренесуваат преку вектори или вектор преносливи болести“ со напомена „Мал убод, голема закана“ денеска се одбележува 7 Април, Светски ден на здравјето.
Светската здравствена организација препорачува дека потребна е контрола на векторите или преносителите кои се живи организми (комарци, крлежи, песочни муви, болви) или нивно уништување, превенција на болести и ограничување на нивно ширење во вид на епидемија.
По повод Светскиот ден на здравјето, Министерството за здравство организира бесплатни превентивни прегледи во сите градови во државата.
За таа цел, сите 33 здравствени домови на плоштадите и во парковите во градовите ќе постават пунктови за бесплатни прегледи на кои лекарски екипи на граѓаните ќе им мерат шеќер во крв, холестерол, висина, тежина.
Лекари ќе даваат совети за здрав начин на живот, здрава исхрана, а ќе се делат и брошури. Пункт за бесплатни превентивни прегледи во Скопје ќе биде поставен на плоштадот Македонија. Пунктовите се отворени до 14 часот.
По повод Светскиот ден на здравјето денеска на Универзитетската клиника за детски болести ќе биде отворена „Игротека-библиотека“ во организација на ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци”.
{loadposition content9}