Skip to main content

Од денес стапува на сила Законот за стечајци

Од денеска стапува на сила Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатија со доминантна сопственост на државата во период од 2000-тата до 2004-тата година, кој што беше донесен по скратена постапка во Собранието.

Dime Spasov
Диме Спасов

Од денеска стапува на сила Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатија со доминантна сопственост на државата во период од 2000-тата до 2004-тата година, кој што беше донесен по скратена постапка во Собранието.

stecajciСо истиот се опфатени лицата кои останале без работа како резултат на приватизација на компанијата која била во државна или доминантна државна сопственост до 31 декември 2013 година.

Според министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, со ова законско решение се очекува да се реши горлив проблем на околу 3.000 стечајци. Тие ќе бидат материјално обезбедени со месечен надомест од околу 7.100 денари, односно 34 проценти од просечната плата исплатена за минатата година и плус здравствено осигурување. Лицата треба да имаат најмалку 25 години работен стаж, а во меѓувреме ако биле вработени, да не им е прекинат работниот однос по нивна вина или волја.

Пратениците на опозициската СДСМ ги поддржаа измените на Законот, но остро го критикуваа зашто сметаат дека се работи за предизборен чекор на владејачката партија и жалат што нема да важи за сите стечајци во државата и што проблемот се решава парцијално.

Mинистерот за труд и социјална политика, Диме Спасов нагласи дека со законот во 2008 биле опфатени 3000 невработени граѓани кои останале без работа по основ на стечај, ликвидација и технолошки вишок, а со новиот закон се менува законот од 2008 заради целосен опфат и дополнителни околу 3000 граѓани кои по тој основ останале без работа.

{loadposition content9}