Денес е Светски ден на човековите права
По повод светскиот ден за заштита на човековите права и слободи, канцеларијата на Обединетите нации во Македонија в четврток организира свеченост на која ќе се одбележи 30 –годишнината од донесувањето на Конвенцијата за намалување на дискриминацијата врз жените.

Подршка на иницијативата ќе дадат Министерството за труд и социјална политика, Институтот за родови студии и невладината ЕСРА.
На средбата ќе се промовира и краток филм посветен на еднаквоста и различноста, изработен од студентите по родови студии, а предвидена е изложба на фотографии и дебата на преставниците од владиниот и невладиниот сектор за прашања од сферата на женските и човековите права воопшто.
Свои обраќања е предвидено да имаат претставникот на ОН во Македонија Карлос Малдонадо, министерот за труд и социјална политика Џељаљ Бајрами и Асја Варбанова од организацијата УНИФЕМ.
Средбата се одржува во културниот центар Мала Станица со почеток во 16 часот.
{loadposition content9}