Skip to main content

Денес во Охрид регионална конференција „Патишта до млади, мир и безбедност и жени, мир и безбедност: Регионални перспективи, искуства и знаења“

Денес во Охрид ќе се одржи регионалната конференција „Патишта до млади, мир и безбедност и жени, мир и безбедност: Регионални перспективи, искуства и знаења“.
 |  инфодеск  |  ,

Регионалната конференција „Патишта до млади, мир и безбедност и жени, мир и безбедност: Регионални перспективи, искуства и знаења“ ќе се одржи денеска и утре во хотелот „Белви“ во Охрид. Ќе учествуваат млади луѓе од регионот, претставници на централните и локалните власти, младински совети, здруженија и мрежи, а ќе се дискутираат и разменат најдобри практики, искуства и знаења за агендите за млади, мир и безбедност и жени, мир и безбедност.

Целта на конференцијата е да послужи како платформа за стратешка координација, а ќе присуствуваат и претставници од семејството на Обединетите нации (ОН), како и од други донатори и меѓународни организации.

УНДП, УНФПА, УНЕСКО, UN Women и релевантни партнери од јавниот сектор, медиумите, граѓанското општество, академијата и културата работат со младите за зголемување на разбирањето и почитта кон различностите во регионот, финансиски поддржано од Фондот за мироградба на Генералниот секретар на ОН.