Денес владиката Тимотеј ќе биде погребан на Плаошник
Тимотеј 43 години беше дел од МПЦ, а цели 29 години на чело на Дебарско кичевската епархија.
| инфодеск | Македонија
Светиот архијерејски синод на МПЦ одлучи Дебарско-кичевскиот Митрополит Тимотеј да биде погребан денес на Плаошник. Во 9 часот во црквата „Св. Софија“ започна заупокоената Света Литургија и Опелото, со која чиноначалствува Неговото блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение со надлежните епархиски архијереи на МПЦ – ОА, како и со претставници од другите Помесни православни цркви.
Тимотеј 43 години беше дел од МПЦ, а цели 29 години на чело на Дебарско кичевската епархија. Тој почина на 25-ти ноември на 73 годишна возраст.
Поради смртта на Дебарско-кичевскиот Митрополит Тимотеј, денес, 28 ноември е прогласен Ден на жалост на територијата на Општина Охрид.