Skip to main content

Денеска започнува OFF-Fest

Домашниот етно-состав “Баклава” и турската пејачка Ајнур, вечерва во Македонската опера и балет во Скопје  (20 ч.) ќе го отворат музичкиот фестивал “Оф фест”.

 |  Маја Савиќ  | 
Ајнур
Ajnur

Baklava“Баклава” за прв пат настапуваат на овој “world music” собир, а Ајнур, која важи за една од најпознатите турски етно-вокали со светско реноме, меѓу публиката е позната и по настапот во филмот на режисерот Фатих Акин, документарецот “Звуците на Истанбул”.


Ајнур е Турчинка со курдско потекло и најголем дел од песните ги пее на курдски јазик. Нејзиниот албум “Kece Kurdan” беше времено цензуриран во Турција, во 2005 година, поради тоа што ги “охрабрувал жените да одат во планините и да имаат сепаратистички ангажмани”.
Ajnur

Ајнур е позната и по извонредните концертни настапи, а во Скопје ќе го промовира и новиот албум “Rewend”. “Оф фест” е помогнат од Министерството за култура, Град Скопје, амбасадата на Шпанија и повеќе компании.

{loadposition content9}