Денес почнува второто полугодие за учениците
Денеска официјално започна второто полугодие на учебната 2025/2026 година на територијата на целата држава.
Министерката за образование и наука Весна Јаневска, им упати честитка и порака за успех на учениците, наставниците и стручните служби. –Второто полугодие започнува на 20 јануари. Им посакувам успех на сите ученици, на наставниците и стручните служби во училиштата. Со помалку отсуства и голема посветеност да ги постигнат целите на учењето и наставата. Знаењето се гради со труд, упорност и меѓусебна поддршка. Среќно од вторник!, наведе Јаневска.
Таа претходно посочи дека според проценките на Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје нема пречки за непречено започнување на полугодието, и покрај зголемената појава на грип.
Јаневска апелираше до родителите и учениците да бидат редовни во наставата, истакнувајќи дека сите испитувања, и дома и во светот, покажуваат дека редовната посетеност на часовите води кон подобри образовни резултати.