Skip to main content

амсм

Денес завршува обврската за поседување зимска опрема во возилата

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.
 |  инфодеск  | 
Зимска опрема

Од Автомотосојузот на Македонија (АМСМ) информираат дека денес завршува обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилатa, без оглед на моменталната временска состојба.

Согласно одредбите утврдени во Правилникот за задолжителна опрема на возилата, учесниците во сообраќајот, се должни во периодот од 15-ти ноември до 15-ти март покрај останатата опрема да ја поседуваат и пропишаната зимска опрема.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.