Skip to main content

Министерство за образование и наука

Денес завршува учебната година, Јаневска со честитка за успешниот крај на учебната година

Денес завршува учебната година, учениците одат на летен распуст.
 |  инфодеск  | 
Училница клупи

Денеска е последниот училиштен ден за основците и среднношколците за учебната 2024/2025 година и учениците до 31 август ќе бидат на летен распуст. 

За матурантите наставата заврши на 16 мај, а утре (11 јуни) ќе го полагаат вториот екстерен испит од државната матура. Првиот дел – задолжителниот испит по мајчин јазик, над 15 000 матуранти го полагаа на 31 мај. Полуматурантите, пак, од 14ти до 17ти овој месец треба да се запишат во средно образование.

Посебна честитка министерката Јаневска им упати на родителите и старателите како партнери во образованието.

Чесни, праведни и одговорни луѓе, со знаења и вредности, можеме да градиме само со заедничка посветеност. Министерството за образование и наука продолжува со подобрувањата на воспитно-образовниот систем, работиме на нова Стратегија за образование, на создавање услови за обезбедување едносменско работење и продолжен престој за учениците во што поголем број училишта. Работиме на подобрување на инфраструктурни услови, ги надградуваме наставни програми и учебниците и го забрзуваме процесот на дигитализација, посочува Јаневска.