Skip to main content

Светилките ќе се згаснат во траење од еден час

Денеска ќе биде одбележан Часот на планетата земја

Кон акцијата неколку години наназад се приклучува и нашата земја. Светилките ќе бидат изгаснати во периодот од 20:30 до 21:30 часот по локално време.
 |  инфодеск  | 
Планета земја

Со гаснење на светилките во траење од еден час денеска ширум светот ќе биде одбележан Часот на планетата Земја. Милиони луѓе ширум светот во исто време симболично во своите домови ќе го исклучат осветлувањето во знак на солидарност за планетата Земја.

Кон акцијата неколку години наназад се приклучува и нашата земја. Светилките ќе бидат изгаснати во периодот од 20:30 до 21:30 часот по локално време.

Часот на планетата Земја е најголемата светска еколошка акција, која секоја година обединува милиони луѓе ширум светот.