Skip to main content

Регулаторна комисија за енергетика

Денеска нова одлука за цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) во текот на денов ќе донесе нова одлука за цената на нафтените деривати што ќе важи од ноќеска на полноќ.
 |  инфодеск  | 
Точење на гориво

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) во текот на денов ќе донесе нова одлука за цената на нафтените деривати што ќе важи од ноќеска на полноќ. Како што посочуваат од РКЕ, исполнети се предусловите за носење нова одлука.

Предусловите се исполнети, РКЕ ќе има нова одлука за цената на нафтените деривати која ќе биде на сила од 0:01 часот на 8 април – информира Марина Узунов, портпарол на РКЕ.

Цените на горивата се носат врз основа на изменетиот Правилник за одредување на малопродажните цени на нафтените деривати со кој РКЕ може секој ден да носи одлуки за промена на цените на горивата доколку пресметката за цената на било кој нафтен дериват оди нагоре или надолу за два денари. За пресметката се зема просекот од претходните петдневни котации на берзата за секој нафтен дериват одделно и воопшто не влијае цената на суровата брент нафта на светскиот пазар.