Денес официјално доделени концесиите за стопански риболов
Концесијата за стопански риболов на Охридското езеро во наредниве 6 години ќе ја поседува Пастрмка 2012, со Дојранското езеро ќе стопанисува ФИШИЛАН ДООЕЛ – НОВ ДОЈРАН, додека со Шпилје ќе стопанисува, ЗЗ ОХРИДСКА ПАСТРМКА – СТРУГА.
Концесиите за стопански риболов во Охридското и Дојранското Езеро, како и акумулацијата Шпилје, денес и официјално доделени. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски денес ги врачи договорите за концесија. Носител на концесијата за стопански риболов во Охридското Езеро ќе биде ПАСТРМКА 2012, за Дојранското, ФИШИЛАН ДООЕЛ – НОВ ДОЈРАН, додека за Шпилје концесијата им припадна на ЗЗ ОХРИДСКА ПАСТРМКА – СТРУГА.
Начините и условите за користење се утврдени во риболовните услови. Во риболовните основи воедно е одредена и висината на финансисксите средства кои концесионерот ги уплаќа во Буџетот на Република Македонија како надомест за концесијата. За добитниците на концесиите за стопански риболов, во наредниот период приоритет ќе биде заштитата од рибокрадење. Уште идниот месец, најавуваат дека ќе почне физичката заштита на рибниот фонд во езерата, а охридската пастрмка повторно ќе се врати во малопродажбата и во угостителските објекти. Согласно договорите, основни обврски на концесионерите се одржливо користење на рибите и вршење улов согласно утврдените количини, физичка заштита на рибите преку организирана рибочуварска служба, еколошка и здравствена заштита согласно законските одредби од областа на животната средина и ветеринарството, како и водење и доставување евиденција за уловот и за сите преземени активности во врска со концесијата.
Инаку доделувањето на концесиите за стопански риболов пред се на Охридското езеро, досега предизвикаа серија реакции. Најостра осуда пристигна од СРД „Свети Апостол Петар“, но изготвувачите на риболовната основа, односно Хидробиолошкиот институт од Охрид, убедуваа дека нема место за реакции бидејќи тие како институција постојано заедно со концесионерот ќе го следат изловот на риба. Инаку доделените концесии за стопански риболов се во траење од 6 години.
{loadposition content9}