Skip to main content

Временска прогноза

Денеска сончево и топло, од утре заладување

Минималната температура ќе се движи од минус 5 до 2, а максималната од 10 до 18 степени, информираат од УХМР.
 |  инфодеск  | 
Градски плоштад Охрид

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец и дневна температура до 16 Целзиусови степени. Маврово 10, Охрид 15, Битола 17, Крива Паланка 15, Берово 14, Кавадарци 15, Дојран 18.

Утре времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни. Кон крајот на денот и во текот на ноќта на планините и на повисоките места врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец, кој кон крајот на денот ќе се промени во северен и ќе засилува.