Десет години француско-македонска културна соработка
Децениската соработка со повеќе настани ќе биде одбележана до 12 јуни во Скопје, Битола и Велес.
Децениската соработка со повеќе настани ќе биде одбележана до 12 јуни во Скопје, Битола и Велес, во организација на Француската асоцијација на градови и региони на историја и уметност и заштитени градови и Францускиот центар за соработка „Жан Моне“ од Скопје и со поддршка на Министерството за култура на Македонија и на француските министерства за култура и за надворешни работи.
Во галеријата Чифте амам вечер во рамки на јубилејното одбележување ќе биде промовирана книгата „Балкански чаршии“, чии координатори се Марилиз Ортиз, Лоран Жеслен и Жан-Арно Деренс, уредник на електронскиот весник „Курје де Балкан“.
Соработката почна во 1999 година со цел да се промовира македонското културно-историско наследство. Таа се реализираше низ бројни заеднички активности и проекти за подобро управување и вреднување на чаршиите и старите градски центри. Меѓу нив беше и проектот „Сигналитика“ – информативни табли со податоци за минатото на одделни градски локации.
{loadposition content9}