Девет години од смртта на Претседателот Борис Трајковски
Денеска се навршуваат 9 години од смртта на претседателот Борис Трајковски, неговите соработници и членови на екипажот.
Денеска се навршуваат 9 години од смртта на претседателот Борис Трајковски, неговите соработници и членови на екипажот.
Владиниот кингер со кој претседателот Трајковски патуваше на Меѓународна конференција во Босна и Херцеговина, се урна во атарот на селото Хусковиќи, во близина на Мостар. Остатоците од авионот и настраданите беа пронајдени 24 часа по уривањето на кингерот.
Во несреќата, покрај Трајковски, животот го загубија Димка Илкова-Бошковиќ, Ристо Блажевски и Анита Кришан Лозановска од Кабинетот на претседателот, Миле Крстевски од Министерство за надворешни работи, Борис Велинов и Аце Божиновски членови на обезбедувањето и пилотите Марко Марковски и Бранко Ивановски.
И по 9 години причините за уривањето на владиниот кингер се уште се неразјаснети.Истрагата што ја водеа надлежните македонски и босански органи покажа дека причина за уривањето се пропусти на екипажот направени во процедурата за приоѓање на аеродромот Мостар во услови на сложена метеоролошка состојба, густа магла и облачност. Пропустите биле во тоа што екипажот отстапил од процедурата за слетување, откако претходно ја известил контролата на летање дека ја прифаќа и дека врши полна процедура при слетувањето.
Босанските власти на почетокот на овој месец отворија нова истрага откако македонски истражители во комисијата на Владата на РМ открија многу нови детали за истрагата која беше затворена како авионска несреќа поради пилотска грешка.
Новата истрага ја води босанскиот воздухопловен експерт Омер Кулиќ кој пред две недели беше и во Скопје.
По повод годишнината од смртта на претседателот Борис Трајковски, делегација од Собранието на Македонија ќе положи цвеќе на неговиот гроб, а министерот за земјоделство Љупчо Димовски, ја предводи владината делегација која ќе положи цвеќе и ќе присуствува на комеморацијата во близина на Ротимље.
{loadposition content9}