Skip to main content

ИЗБОРИ 2024

Девет кандидати за Претседател на државата од кои три се жени

На ден пред почетокот на рокот за собирање потписи за претседателски кандидати и за пратеници, најголемите политички партии ги соопштија своите претседателски кандидати.
 |  инфодеск  | 

За овие претседателски избори, пријавени се Гордана Силјановска-Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, Стево Пендаровски од СДСМ, Арбен Таравари од албанската опозиција, Стевчо Јакимовски од ГРОМ, Вело Марковски како независен кандидат, Билјана Ванковска од Левица, Мерсиха Смаиловиќ од Бошњачкиот демократски сојуз. Кандидат за претседател ќе има и ДУИ во Бујар Османи како и партијата ЗНАМ на Максим Димитриевски.

Најголем дел од овие кандидати ќе треба да собираат 10.000 потписи бидејќи немаат поддршка од 30 пратеници во Собранието.

Рокот за собирање потписи за кандидати за претседател и за кандидати за пратеници започнува во петок на 23 февруари и ќе трае до 8 март, согласно роковниците на Државната изборна комисија (ДИК). 

Кампањата за претседателските избори започнува на 4 април а првиот груг е на 24 април.