Skip to main content

Деветтото издание на „Баскерфест“ ќе заврши во Охрид

Деветтото издание на Фестивалот на улични артисти „Баскерфест 2014“ ќе се одржува низ цела Македонија, односно во 21 македонска општина.

baskerfest
баскерфест

baskerfestДеветтото издание на Фестивалот на улични артисти „Баскерфест 2014“ ќе се одржува низ цела Македонија, односно во 21 македонска општина.

Официјалниот старт е во вторник (27. мај) на градскиот плоштад „Македонија” во Скопје, а програмата започнува во Гевгелија на 28. мај. Скопје ќе биде домаќин од 6. до 15. јуни, а целата турнеја ќе трае до 30. јуни со затворање во Охрид, Дојран и Битола.

Улични престави ќе има и во Кочани на 30. и 31. мај, Велес на 6. и 7. јуни, Свети Николе 7. јуни, Чешиново-Облешево на 10. јуни, Кавадарци на 13. и 14. јуни, Радовиш 14. јуни, Неготино 18. јуни, Виница 19. и 20. јуни, Берово, Македонска Каменица и Прилеп на 20. и 21. јуни, Крива Паланка, Пехчево и Тетово 21. јуни, Крушево 22. јуни, Дојран од 27. до 30. јуни, Ресен 28. јуни, Охрид 28. И 29. јуни, Делчево 29. јуни и Битола на 29. и 30. јуни.

baskerfestНовитет годинава се ноќните официјални афтер парти забави на фестивалот кои ќе се одржуваат низ најголемите клубови во државата, а на кои учество ќе земат и дел од баскер изведувачи, како и познати диџеи од Македонија и странство.

Македонија ќе биде домаќин на повеќе од 150 артисти, музичари и театри од целиот свет, од далечната Јапонија до Канада преку Нигерија, па сé до Нов Зеланд.

‘Баскерфест’ е првиот меѓународен и мултикултурен уличен фестивал во Македонија, признат како најголем настан од ваков вид во регионот. Дебито на ‘Баскерфест’ се случи во 2006 година и се покажа како успешно заокружување, со програма во која беа вклучени повеќе од 50 артисти, акробати, танчери, магионичари, музичари, жонглери.

Оваа традиција продолжува секоја година со сѐ повеќе учесници од различни земји во светот, како што се Австралија, Канада, Аргентина, Полска, Италија, Нов Зеланд, САД, Германија, Ирска, Јапонија, Колумбија,Боливија и други земји.

{loadposition content9}