Skip to main content

Дијалогот продолжува

Македонскиот и грчкиот премиер денеска треба да го продолжат дијалогот во пресрет на одлуката на Европската унија од која Македонија во декември очекува датум за преговори за членство.

Gruevski i Papandreu
Груевски и Папандреу

Македонскиот и грчкиот премиер денеска треба да го продолжат дијалогот во пресрет на одлуката на Европската унија од која Македонија во декември очекува датум за преговори за членство.

Gruevski i PapandreuПремиерите Никола Груевски и Јоргос Папандреу ќе се состанат доцна вечер во местото Пили, во грчкиот дел на природниот резерват кај Преспанските езера, што се протега на териториите на Македонија, Грција и Албанија.

Средбата Груевски – Папандреу треба да ја подобри атмосферата меѓу двете држави, од неа не се очекува решение на долгогодишниот спор за името, ниту посериозен напредок.

Грција инсистира на решение на прашањето за името за продолжување на евроинтеграцијата на Македонија, која од Европската комисија веќе доби препорака за отпочнување на преговори.

Новинарските екипи средбата во Грција ќе треба да ја следат од локација оддалечена осум километри од местото каде што ќе се состанат премиерите, со кои веројатно нема да имаат директен контакт

Претходно на трилатерална средба на која ќе учествува и албанскиот премиер Сали Бериша ќе се разговара за соработка во заштитата и одржливиот развој во регионот на Преспа.

Од кабинетот на македонскиот премиер е најавена средба на Груевски со претседателот на Европската Комисија Жозе Мануел Баросо на 2-ри декември. Пет дена подоцна, Европскиот совет на министри ќе решава дали Македонија ќе добие датум за преговори.

{loadposition content9}