Skip to main content

ДИК: Изборите ќе чинат повеќе од 8 милиони евра

Над 8 милиони евра ќе чинат претседателските и предвремените парламентарни избори покажале пресметките на Државната изборна комисија (ДИК).

logo
лого

Над 8 милиони евра ќе чинат претседателските и предвремените парламентарни избори покажале пресметките на Државната изборна комисија (ДИК) информира „Инфо+“ порталот.

дикНа денешната седница на ДИК, членовите едногласно го усвоија заедничкиот буџет за двата изборни циклуси кои ќе се oдржат на 13 и 27 април годинава. ДИК извештајот ќе го достави до Министерството за финансии кое ќе треба да одговори по барањето на Комисијата.

„За предвремените парламентарни избори порeбни се 158 милиoни денари. Значи, вкупниот буџет за организирање на прeтседателски и предвремени парламентарни избори ќе изнесува над 8 милиони евра. И очекуваме Министерството за финансии да ни ги одобри тие средства“ – рече Субхи Јакупи, потпретседател на ДИК.

Пресметката на ДИК за организирање на редовните претседателски избори е 6 милиони евра. На денешната седница беше истакнато дека заврши рокот за јавен увид во Избирачкиот список за претседателските избори и денеска ДИК Избирачкиот список ќе го достави до политичките партии учесници во изборниот прцес за шеф на државата, со што ќе почне да тече рокот за поднесување приговори за прочистување на Избирачкиот список.