Skip to main content

ДИК уважи само еден приговор

Државната изборна комисија (ДИК) прифати само еден од досега разгледаните 61 приговори за вториот круг на локалните избори.

logo
лого
Државната изборна комисија (ДИК) прифати само еден од досега разгледаните 61 приговори за вториот круг на локалните избори.

На седницата што ја прекина доцна синоќа, ДИК го уважи само приговорот од ДУИ за избирачкото место 2327 во Арачиново, на кое се запишани 1921 избирачи.

Сите други приговори поднесени од ДУИ, ДПА, ВМРО – ДПМНЕ и група избирачи беа одбиени, соопшти ДИК.

Aleksandar NovakoskiРазгледувањето на преостанатите 34 приговори за вториот круг на изборите за градоначалници и советници ќе продолжи денеска.

Приговорите се поднесени од СДСМ, ВМРО – Народна, ПЕИ, СДУ и коалицијата „Заедно за Шуто Оризари“.

 

{loadposition content9}