ДИК: од денес на увид Избирачкиот список
До 16 ноември граѓаните ќе можат да проверат дали се впишани во списокот
Државната изборна комисија денес треба да го стави на јавен увид избирачкиот список, а до 16 ноември граѓаните ќе можат да проверат дали се впишани во списокот и дали се точни податоците.
Во овој период и избирачите кои беа обележани како спорни повторно ќе можат да потврдат дека имаат право на глас.Во меѓувреме тече рокот за пријавување на граѓаните за гласање на изборите и се на привремена работа во странство. Заклучно со вчера до 14 часот вкупно 2.099 граѓани на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство преку електронската апликација на веб страницата на ДИК се пријавиле за гласање на престојните предвремени избори.Од нив, како што соопшти ДИК, прифатени се 1.413 пријави, 61 се одбиени, а 625 се во обработка.
Во избирачкиот список за изборите на 11 декември впишани се 1,77 милиони гласачи.
Изборната кампања ќе почне на 21 ноември, а завршува со изборниот молк, на 10 декември, еден ден пред изборите.