Skip to main content

Државна изборна комисија

ДИК го заклучи избирачкиот список, запишани околу 1,8 милиони гласачи

За претседателските избори на 24 април во избирачкиот список се запишани 1.814.317 гласачи, а за парламентарните избори на 8 мај, 1.815.350.
 |  инфодеск  | 

Државната изборна комисија (ДИК) го заклучи Избирачкиот список за  спроведување на претседателските и парламентарните избори.

За претседателските избори на 24 април во избирачкиот список се запишани 1.814.317 гласачи, а за парламентарните избори на 8 мај, 1.815.350.

Од запишаните гласачи за претседателските избори, 1.713.758 се пријавени за гласање во државата, пријава за гласање во дипломатско козуларните претставништва на државава во странство поднеле 2569 избирачи, 95 116 гласачи кои се на привремена работа или престој во странство не поднеле пријава за гласање.

За парламентарните избори за гласање во државата се пријавени 1.716.664 гласачи, 96.010 лица работат или престојуваат во странство, а 2.140 се во затвор или притвор за време на изборите. Во посебниот извод од избирачкиот список за лица кои се наоѓаат во установа за вонсемејно згрижување, а поднеле пријава за гласање, запишани се 534 избирачи, 2 избирачи се со статус на внатрешно раселени лица.