Димитар Ковачевски е новиот претседател на СДСМ
„Вечерва завршуваме со ветувањата, од утре почнуваме со реализација. Имаме многу работа да ја вратиме довербата на граѓаните. Сите што се подготвени на посветено и чесно работење во интерес на граѓаните се добредојдени во мојот тим“, кажа новиот претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски, на вчерашната прес конференција.

На вчерашните избори тој освои убеливо мнозинство од гласовите на членовите кои гласаа.
Според официјалните податоци од СДСМ на изборите одзивот беше 85,6 отсто. Правото на глас го искористиле 44.406 членови а 37.649 го подржаа Димитар Ковачевски, актуелен заменик министер за финансии. Јован Депостовски освои 3.319 гласови, Фросина Ременски 2.836 гласа, а неважечки се 602 гласа.
Ковачевски им се заблагодари на сите членови кои гласаа за него и им честиташе на противкандидатите Ременски и Депостовски.