Во Британија, Јапонија и Италија се дистрибуира ДВД издание на „Пред дождот“
Македонскиот филм на режисерот Милчо Манчевски „Пред дождот“ се дистрибуира во Велика Британија, Јапонија и Италија.
| Маја Савиќ | Македонија
Пред дождот
Минатиот месец филмот се појавил на ДВД пазарот во Велика Британија во издание на ексклузивната куќа ХБ. Издавач во Италија ќе биде Минерва филмс. Во Јапонија филмот ќе се појави до крајот на годината.
– Филмот сега првпат се издава на ДВД во овие земји. Кинопремиерата на „Пред дождот“ во овие три земји, како и во уште 50-тина земји, беше во 1994, 1995 и 1996 година. Следуваа видео и телевизиската дистрибуција по светот, а потоа и кинотечно и универзитетско прикажување и истражување, информира С-прес.
Светскиот дистрибутер најавил пласман и на сите други поглеми пазари каде што филмот имал кино и телевизиска дистрибуција по успехот во Венеција во 1994 година.
„Њујорк тајмс“ го вброи „Пред дождот“ во 1.000 најдобри филмови во историјата.
{loadposition content9}