©2008 - Сите права се задржани. Powered by TVM.


Цената на бензините останува иста

Дизелот поевтинува за два денари

Дизелот поевтинува за два денари по литар, а цената на бензините останува иста, соопштија денеска од Регулаторната комисија за енергетика.
 |  инфодеск  | 
Точење на гориво

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,41% во однос на одлуката од 12.09.2022 година.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,00 ден/лит.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

Од 16.09.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 84,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 87,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 95,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 93,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 51,473 (денари/килограм)

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© 2008 - Сите права задржани. Поддржано од ТВМ ТелевизијА.
Back to Top