Skip to main content

Регулаторна комисија за енергетика

Дизелот поскапува од полноќ

Дизелот поскапува за еден денар по литар, а цената на бензините останува иста, информираа од Регулаторната комисија за енергетика.
 |  инфодеск  | 
Горива

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,36 % во однос на одлуката од 23.05.2022 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,323 ден/кг и изнесува 54,640 ден/кг.

Од 31.5.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин     ЕУРОСУПЕР БС – 95       95,00  (денари/литар)

Моторен бензин    ЕУРОСУПЕР БС – 98     97,00  (денари/литар)

Дизел гориво    ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)    86,00 (денари/литар)

Масло за горење  Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)  84,50  (денари/литар)

Мазут М-1 НС      54,640 (денари/килограм)

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,807%, кај дизелот за 3,943%, кај екстра лесното масло за 3,308% и кај мазутот зголемувањето е за 1,135%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 1,602%.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 31.5.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени – велат од Регулаторна.