ДКСК со извештај од спроведеното следење на примената на системот за интегритет за 2024 година

Државната комисија за спречување на корупцијата го објави Извештајот од спроведениот мониторинг на имплементацијата на системот за интегритет за 2024 година, со кој се презентираат не само резултатите од спроведените политики туку и јасната визија за натамошно јакнење на институционалниот капацитет на државата.
Мониторингот кој има опфатено 72 институции од централната власт, 72 единици на локалната самоуправа и 16 институции од правосудниот сектор, според резултатите од нив само 50 институции од централната власт ја имаат исполнето обврската за пополнување на прашалникот, но и само 38 општини имаат одговорено целосно и само 6 правосудни институции го имаа спроведено процесот на мерење.
ДКСК ја презентираше и ранг-листата на најуспешни институции според степенот на имплементација на системот за интегритет. Според истата, институции кои се пример на добра практика, ориентирани кон отчетност, етичка дисциплина и транспарентност се следните:
– Државен завод за ревизија – 92,3%
– ДКСК – 82,31%
– МАПАС – 80,77%
– Министерство за внатрешни работи,
– Царинска управа – 77,3%
Повеќе информации во врска со целосниот извештај на ДКСК заинтересираните граѓани може да го погледнат на нивната веб страна.