Skip to main content

дкск

ДКСК започна антикорупциска проверка на законите

Со цел да идентификува и спречи потенцијални ризици од корупција при издавање дозволи, ДКСК започна антикорупциска проверка на законите.
 |  инфодеск  | 

Државната комисија за спречување на корупцијата започна антикорупциска проверка на закони, со цел да се овозможи откривање и спречување на потенцијални ризици од корупција при спроведување на соодветните постапки поврзани со издавање на одобренија и лиценци за работа, дозволи за работа на угостителски објекти, како и во делот на вршење надзор над истите.

Од ДКСК информираат дека ќе бидат проверувани Закон за угостителска дејност, Законот за заштита и спасување, Законот за инспекциски надзор, Законот за локалната самоуправа и други материјални закони.

Информираат и дека ќе биде спроведена целосна и систематска проценка на правните прописи за да се идентификуваат можности за злоупотреба, конфликт на интереси, нејаснотии и празнини во законите кои би можеле да поттикнат коруптивни практики. Воедно ќе се направи комплетна анализа и проценка на формата и содржината на прописите (закони, подзаконски акти и други општи акти) кои се во подготовка или кои се веќе изготвени од аспект на нивното практично спроведување, усогласеност и нивното подобрување со цел детектирање, спречување и минимизирање на ризиците во однос на можноста за корупција и судири на интереси кои може да резултираат при спроведување на законите.

ДКСК ќе вклучи повеќе засегнати страни  преку соработка со релевантни институции и граѓанското општество, што ќе обезбеди независност и објективност при анализата, а сите резултати ќе бидат јавно достапни и целиот процес ќе биде транспарентен и јавен, а извештатите и препораките ќе бидат доставени до Владата и до Собранието, за да се подобрат овие закони, и со тоа да се влијае и да не се остава простор за коруптивни активности.