Skip to main content

Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ)

Дневната евтина тарифа на струјата ќе стартува во декември

Следен чекор е да се редизајнира помошта кон ранливите категории и значајно да се зголеми на оние лица на кои им е потребно.
 |  инфодеск  | 
Струја

Дневната евтина тарифа ќе стартува во декември, граѓаните ќе можат да ја користат во периодот од 13 часот до 15 часот и секако останува на сила и ноќната евтина тарифа од 22 часот до 7 часот изутрина, изјави претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги Марко Бислимоски.

“Енергетската криза го зголеми темпото на енергетската транзиција и инвестициите во обновливи извори ја намалија значајно цената на електрична енергија преку ден, со што се создадоа услови за домаќинствата да може да користат поевтина електрична енергија преку ден.“ – посочи Марко Бислимоски, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) на трилатералниот состанокот на Асоцијацијата на Медитеранските регулатори за енергетика МЕДРЕГ, Бордот на регулатори на енергетската заедница и Совет на европските регулатори за енергетика.

Стравот од високи сметки, се покажа како најголема мотивација за да се стартува со интензивен инвестициски циклус, кој пак даде резултат со што се намали увозната зависност и од традиционалните нотирани 30 % увоз на електрична енергија, процентот се преполови и сега изнесува 15 % во првите неколку месеци од годинава. Следен чекор е да се редизајнира помошта кон ранливите категории и значајно да се зголеми на оние лица на кои им е потребно, посочи Бислимоски.
„Субвенциите ги намалија значајно сметките за електрична и топлинска енергија и овој бенфит е за сите граѓани, но сега треба да се зајакне механизмот кон ранливите категории и да добиваат поголема финансиска помош за сметките.“ изјави Бислимоски.

Евтината дневна тарифа беше укината на 1 јануари 2022 година. Изминатата година граѓаните можеа да користат поевтина струја само во текот на ноќта – од 22 до 7 часот секој ден и во недела цел ден.